Agrimak APP
Модули/Алатки

Пресметај ги сите потребите за твоето производство

Пресметај ги потребните количини ѓубрива, препарати за заштита и семенски материјал според културата, обработливата површина и внесените параметри. Планирај ги набавките и организирај ги производствените потреби на едно место.

Главни придобивки

Лесно пресметување, паметно планирање

Со агрокалкулаторот на Agrimak, полесно процени ги потребните количини и организирај ги ресурсите според потребите на твоето производство.

Оптимизирање на потребните ресурси

Планирај ги потребите за земјоделско производство врз основа на површината и внесените параметри.

Подобра организација на набавките

Подготви се навреме и направи организирана проценка на потребните ресурси.

Заштеда на време и финансии

Намали го времето потребно за рачни пресметки, и заштеди на непотребни и неконтролирани ресурси.

Оптимизирање на потребните ресурси

Планирај ги потребите за земјоделско производство врз основа на површината и внесените параметри.

Подобра организација на набавките

Подготви се навреме и направи организирана проценка на потребните ресурси.

Заштеда на време и финансии

Намали го времето потребно за рачни пресметки, и заштеди на непотребни и неконтролирани ресурси.

ПРАКТИЧНИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ТВОЕТО ПРОИЗВОДСТВО

Сите важни пресметки на едно место

Планирањето на земјоделското производство започнува со добра проценка на потребните ресурси. Колку ѓубриво ти е потребно? Колкава количина препарат треба да подготвиш? Колку семенски или саден материјал треба да набавиш?

Агрокалкулаторот на Agrimak ти овозможува да направиш пресметки за различни категории врз основа на избраната култура, површината и внесените параметри.

Со тоа добиваш практична помош при планирањето на производството и набавката на потребните материјали.

ИЗБЕРИ ШТО САКАШ ДА ПРЕСМЕТАШ

Три различни пресметки за полесно планирање

Агрокалкулаторот опфаќа три основни категории на пресметки, наменети за различните потреби во текот на производната сезона.

Калкулација за количини на ѓубрива

Пресметај ги потребите од азот, фосфор и калиум според внесените параметри. Добиј пресметка на потребните количини и поддршка при планирањето на ѓубрењето.

Калкулација за заштита на растенијата

Пресметај ги потребните количини препарати за заштита и вода за третман, според внесените параметри и достапните функции во апликацијата.

Калкулација за семенски и саден материјал

Процени ја потребната количина семенски или саден материјал за избраната култура и обработливата површина.

Преглед на сите креирани калкулации

Преглед на сите калкулации по датум и култури и достапи во секое време

Како функционира модулот

Внеси параметри, добиј потребните количини

Со неколку едноставни чекори, направи пресметка според потребите на твоето производство.

Избери ја категоријата што ти е потребна, внеси ги бараните податоци и добиј резултат врз основа на зададените параметри.

Чекор 1

Избери категорија на калкулација

Одбери дали сакаш да пресметаш потребни количини ѓубрива, препарати за заштита или семенски и саден материјал.

Чекор 2

Внеси ги потребните параметри

Избери ја културата и парцелата, внеси ја површината и останатите податоци што ги бара избраната калкулација.

Чекор 3

Добиј ги резултатите

Прегледај ги пресметаните количини и искористи ги информациите за полесно планирање на набавките и производствените активности.

ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО

Подготви ги потребните ресурси пред почетокот на сезоната

Правилното планирање е важен дел од организацијата на секое земјоделско стопанство.

Со навремена проценка на потребните количини, полесно можеш да ги организираш набавките и да ги распределиш ресурсите според производствените потреби.

Со агрокалкулаторот на Agrimak можеш:

  • Да ги процениш потребните количини ѓубрива.
  • Да ги пресметаш количините препарати и вода за заштита на растенијата.
  • Да ги планираш потребите за семенски и саден материјал.
  • Да ги приспособиш пресметките според обработливата површина.
  • Да ги организираш набавките за различни култури и парцели.

Започни со дигитално управување на твоето земјоделство уште денес!

Преземи ја Агримак апликацијата

Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.

ИСТРАЖИ ГИ И ОСТАНАТИТЕ МОЖНОСТИ

Планирај ги потребите за твоето производство со Agrimak

Пресметај ги потребните количини, организирај ги набавките и имај подобар преглед врз ресурсите што ги користиш во твоето земјоделско стопанство.

Види повеќе за другите модули

Модули и алатки