Agrimak APP
Модули/Алатки

Биди навремено информиран за сите можностите во земјоделството

Следи ги важните јавни повици, субвенции, програми за финансиска поддршка и други земјоделски информации преку известувањата на Agrimak. Избери ги категориите што те интересираат и добивај информации директно на твојот телефон.

Главни придобивки

Чекор поблиску до сите можности за финансирање

Не мора постојано да пребаруваш на различни извори за да бидеш во тек со новостите и можностите во земјоделството. Со бесплатните известувања на Agrimak, на лесен и едноставен начин на едно место следи ги важните информации за твоето стопанство и остани навремено информиран.

Навремено и бесплатно информирање

Сите важни информации на едно место, без постојано да пребаруваш на различни извори.

Помал ризик од пропуштени можности

Полесно следи ги информациите за поддршка и обрни внимание на роковите и условите.

Информации според твоите интереси

Фокусирај се на категориите што се релевантни за твоето производство и планови.

Навремено и бесплатно информирање

Сите важни информации на едно место, без постојано да пребаруваш на различни извори.

Помал ризик од пропуштени можности

Полесно следи ги информациите за поддршка и обрни внимание на роковите и условите.

Информации според твоите интереси

Фокусирај се на категориите што се релевантни за твоето производство и планови.

ИНФОРМАЦИИ ШТО СТИГНУВААТ ДО ТЕБЕ

Следи ги можностите за поддршка на едно место

Јавните повици, субвенциите и програмите за финансиска поддршка се објавуваат во различни периоди и преку различни институционални канали. Редовното следење на сите информации може да одземе време, а понекогаш и да доведе до пропуштање на важни можности.

Со модулот за нотификации и известувања на Agrimak, полесно ќе дознаваш за релевантните објави во земјоделството. Избери ги категориите што те интересираат и користи ги известувањата како дополнителен канал за информирање.

Така, важните информации за твоето стопанство ќе бидат подостапни, а ти ќе имаш повеќе време да ги разгледаш условите и да ги испланираш следните чекори.

ИНФОРМАЦИИ СПОРЕД ТВОИТЕ ИНТЕРЕСИ

Избери за што сакаш да добиваш известувања

Agrimak ти овозможува да ги приспособиш известувањата според категориите што те интересираат и можностите за поддршка што сакаш да ги следиш.

Јавни повици

Следи информации за објавени јавни повици наменети за земјоделците и земјоделските стопанства.

Програма за рурален развој

Добиј известувања за мерки и можности за финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој.

ИПАРД програма

Следи информации за повици и можности за поддршка преку ИПАРД програмата.

Директни плаќања и субвенции

Биди информиран за објави поврзани со директни плаќања, субвенции и други форми на поддршка.

Останати грантови

Дознај за дополнителни грантови и можности за финансирање релевантни за земјоделството.

Потсетници за земјоделски активности

Користи потсетници за избрани активности и полесно организирај ги работните задачи.

Како функционира модулот

Push-нотификации директно на вашиот телефон

Изберете ги категориите на информации што ве интересираат и добивајте бесплатни push-нотификации директно на вашиот телефон. На едноставен начин бидете информирани за важните повици, субвенции, програми и други можности во земјоделството.

Чекор 1

Преглед на push-нотификација

Кога ќе добиете нова нотификација, отворете ја директно од вашиот телефон за брз пристап до информациите.

Чекор 2

Преглед преку апликацијата

Отворете ја апликацијата Agrimak и изберете ја секцијата „Нотификации и известувања“ за да ги прегледате новите непрочитани информации.

Чекор 3

Сите известувања на едно место

Прегледајте ги пристигнатите известувања и пристапете до информациите за можностите во земјоделството што сте ги избрале да ги следите.

ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ ЗА ТВОЕТО СТОПАНСТВО

Информирај се навреме и подготви се за следниот чекор

Можностите за финансиска поддршка можат да бидат важен поттик за развојот на земјоделското стопанство. Но, за да ги искористиш, потребно е навреме да дознаеш за нив и да имаш доволно време да ги разгледаш условите.

Со известувањата на Agrimak можеш:

  • Полесно да ги следиш новите јавни повици и програми.
  • Да дознаваш за можностите за субвенции и финансиска поддршка.
  • Да ги приспособиш известувањата според твоите интереси.
  • Навреме да започнеш со проверка на условите за аплицирање.
  • Подобро да ги организираш обврските и подготовката на документацијата.

Започни со дигитално управување на твоето земјоделство уште денес!

Преземи ја Агримак апликацијата

Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.

ИСТРАЖИ ГИ И ОСТАНАТИТЕ МОЖНОСТИ

Од информација до подготовка на вашата инвестиција

Известувањата ти помагаат да дознаеш за новите можности, а останатите модули на Agrimak ти нудат алатки за подобра организација на стопанството.

Никогаш не било полесно, подгответе се за вашата следна инвестиција преку модулот за AI-бизнис планови.

Види повеќе за другите модули

Модули и алатки