Сите важни податоци за твоето земјоделско стопанство организирани на едно место. Следи ги трошоците, приходите и евидентираните активности преку прегледни извештаи, според избраниот период и култура.
Со унифицирани извештаи, внесените податоци добиваат јасна структура. Полесно следи ги вложувањата, приходите и активностите во твоето стопанство.
Лесен и прилагодливи прегледи според твоите потреби и пристап до сите процеси од производството.
Имај подобра основа за проценка на вложувањата и планирање на идните трошоци.
Користи ги собраните податоци за да ги препознаеш можностите за подобрување на работењето.
Лесен и прилагодливи прегледи според твоите потреби и пристап до сите процеси од производството.
Имај подобра основа за проценка на вложувањата и планирање на идните трошоци.
Користи ги собраните податоци за да ги препознаеш можностите за подобрување на работењето.
Секоја внесена активност создава важни информации за работењето на твоето стопанство. Agrimak ги организира овие податоци во извештаи што ти овозможуваат полесно да ги разгледуваш трошоците, приходите и активностите во текот на производната сезона.
Избери ја културата и временскиот период што те интересираат и добиј структуриран преглед на евидентираните информации. Така, наместо да пребаруваш низ поединечни записи, можеш да ги разгледуваш на едно место.



Извештаите ги прикажуваат внесените податоци за твоето стопанство, овозможувајќи ти да ги следиш производствените активности и финансиските текови.
Преглед на евидентираните трошоци поврзани со земјоделските активности.
Информации за внесените производи, препарати, количини и нивните цени.
Преглед на евидентираните приходи остварени од продажбата на земјоделските производи.
Разгледување на податоците за одделна култура или за сите култури.
Следење на информациите преку неделни, годишни или прилагодени по период извештаи.
Генерирање и преземање на извештаите во PDF-формат, и споделување преку емаил.
Со едноставен избор на период и култура/култури, добиваш организиран преглед на податоците за твоето земјоделско стопанство.
Сè започнува со редовно внесување на земјоделските активности, трошоци и приходи во апликацијата. Agrimak ги користи евидентираните информации за креирање прегледни извештаи.
Одбери го типот на извештај и временскиот период за кој сакаш да ги разгледаш податоците.
Избери дали сакаш да ги прегледаш информациите за конкретна култура или за целото земјоделско стопанство.
Разгледај ги прикажаните информации и преземи го извештајот во PDF-формат за зачувување или печатење.
Редовното евидентирање и прегледување на податоците ти овозможува подобро да го разбереш работењето на твоето стопанство. Преку извештаите можеш полесно да се навратиш на претходните активности, да ги разгледаш вложувањата и да добиеш појасна слика за производството.
Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.
Извештаите се надоврзуваат на секојдневната евиденција и ти помагаат да добиеш подобар преглед на работењето. Истражи ги и останатите алатки на Agrimak.
Модули и алатки
Модули и алатки
Модули и алатки
Модули и алатки
Модули и алатки