Agrimak APP
Модули/Алатки

Евиденција на земјоделски активности

Организирај ги и следи ги сите земјоделски активности на едно место.

Евидентирај ги работните операции според култура и катастарска парцела и имај подобар преглед врз текот на твоето производство.

Главни придобивки

Поголема контрола врз секојдневното работење

Создади подобра организација во секојдневното работење и имај појасна слика за состојбата на твоето земјоделско стопанство.

Дигиталната евиденција не е само промена во начинот на запишување. Таа е можност за поедноставно носење на одлуки базирани на реални податоци и планирано производство.

Континуитет во работењето

Имај подобар преглед врз текот на производството и полесно следи што е сработено, а што претстои.

Подобра контрола

Намали ја зависноста од рачни белешки и расфрлани информации со поорганизиран пристап кон работењето.

Основа за идни одлуки

Создавај корисна евиденција што ќе ти помогне подобро да го планираш следниот производствен циклус.

Континуитет во работењето

Имај подобар преглед врз текот на производството и полесно следи што е сработено, а што претстои.

Подобра контрола

Намали ја зависноста од рачни белешки и расфрлани информации со поорганизиран пристап кон работењето.

Основа за идни одлуки

Создавај корисна евиденција што ќе ти помогне подобро да го планираш следниот производствен циклус.

Сè за активностите на едно место

Управувај со активностите во секоја фаза од производството

Од подготовка на почвата и сеење, до нега, заштита и жетва – Agrimak ти овозможува да ги евидентираш земјоделските активности и да ги организираш според културата и катастарската парцела.

Преку апликацијата можеш да ги внесуваш потребните информации за секоја активност, да ги следиш претходните записи и да имаш појасна слика за работата во твоето стопанство.

Категории на земјоделски активности

Евидентирај ги сите важни активности во производството

Agrimak опфаќа различни категории на земјоделски активности, овозможувајќи ти да ги организираш работните операции и да ги следиш вложувањата во текот на производната сезона.

Ѓубрење

Записи и примена на хранливи материи.

Обработка на почвата

Евиденција на обработката на земјиштето.

Сеење, садење и расад

Записи за почетокот на производството.

Нега на посевите

Следење на активностите за грижата за посевите.

Наводнување

Записи од сите типови на наводнувањето.

Заштита на растенијата

Записи за применетите мерки за заштита.

Жетва, берба и косење

Евиденција на завршните производствени активности.

Приходи од продажба

Следење на приходите од продаденото производство.

Анализа на почвата

Евиденција на резултатите од анализата на почвата.

Како функционира модулот

Едноставно внесување, организирана евиденција

Користењето на модулот започнува со внесување на основните податоци за стопанството, по што можеш да ги организираш и евидентираш активностите.

Чекор 1

Внеси ги податоците за стопанството

Регистрирај ги основните информации за твоето стопанство, катастарските парцели и културите што ги одгледуваш.

Чекор 2

Избери култура и парцела

При внесување активност, избери на која култура и катастарска парцела се однесува.

Чекор 3

Избери категорија и внеси податоци

Одбери ја соодветната активност и пополни ги потребните информации.

Чекор 4

Следи ја евиденцијата

Зачувај ги внесените податоци и наврати се на претходните активности кога ти се потребни.

Подобра контрола и планирање на производството

Податоците денес се основа за подобри одлуки утре

Редовната евиденција ти овозможува полесно да се навратиш на претходните активности, да ги следиш вложувањата и да добиеш подобар преглед на работењето во твоето стопанство.

Со организирани податоци можеш:

  • Полесно да ги следиш реализираните активности.
  • Да имаш подобар увид во производствените трошоци.
  • Да ги споредуваш вложувањата по култура и парцела.
  • Да создадеш основа за извештаи и анализа.
  • Подобро да ги планираш идните производствени активности.

Започни со дигитално управување на твоето земјоделство уште денес!

Преземи ја Агримак апликацијата

Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.

ИСТРАЖИ ГИ И ОСТАНАТИТЕ МОЖНОСТИ

Евиденцијата е само почеток

Податоците што ги внесуваш преку модулот за евиденција претставуваат основа за користење и на други дигитални модули / алатки во Agrimak.

Види повеќе за другите модули

Модули и алатки