Agrimak APP
Модули/Алатки

Унифицирани извештаи за твоето стопанство

Сите важни податоци за твоето земјоделско стопанство организирани на едно место. Следи ги трошоците, приходите и евидентираните активности преку прегледни извештаи, според избраниот период и култура.

Главни придобивки

Подобра прегледност, полесни одлуки

Со унифицирани извештаи, внесените податоци добиваат јасна структура. Полесно следи ги вложувањата, приходите и активностите во твоето стопанство.

Детален преглед за стопанството

Лесен и прилагодливи прегледи според твоите потреби и пристап до сите процеси од производството.

Подобро финансиско планирање

Имај подобра основа за проценка на вложувањата и планирање на идните трошоци.

Информирани одлуки

Користи ги собраните податоци за да ги препознаеш можностите за подобрување на работењето.

Детален преглед за стопанството

Лесен и прилагодливи прегледи според твоите потреби и пристап до сите процеси од производството.

Подобро финансиско планирање

Имај подобра основа за проценка на вложувањата и планирање на идните трошоци.

Информирани одлуки

Користи ги собраните податоци за да ги препознаеш можностите за подобрување на работењето.

СИТЕ ПОДАТОЦИ НА ЕДНО МЕСТО

Од евиденција до јасен преглед на работењето

Секоја внесена активност создава важни информации за работењето на твоето стопанство. Agrimak ги организира овие податоци во извештаи што ти овозможуваат полесно да ги разгледуваш трошоците, приходите и активностите во текот на производната сезона.

Избери ја културата и временскиот период што те интересираат и добиј структуриран преглед на евидентираните информации. Така, наместо да пребаруваш низ поединечни записи, можеш да ги разгледуваш на едно место.

ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА

Секогаш достапни информации

Извештаите ги прикажуваат внесените податоци за твоето стопанство, овозможувајќи ти да ги следиш производствените активности и финансиските текови.

Трошоци по активности

Преглед на евидентираните трошоци поврзани со земјоделските активности.

Употребени препарати

Информации за внесените производи, препарати, количини и нивните цени.

Приходи од продажба

Преглед на евидентираните приходи остварени од продажбата на земјоделските производи.

Преглед по култура

Разгледување на податоците за одделна култура или за сите култури.

Периодичен преглед

Следење на информациите преку неделни, годишни или прилагодени по период извештаи.

PDF документи

Генерирање и преземање на извештаите во PDF-формат, и споделување преку емаил.

Како функционира модулот

Само со неколку чекори до целосен преглед

Со едноставен избор на период и култура/култури, добиваш организиран преглед на податоците за твоето земјоделско стопанство.

Сè започнува со редовно внесување на земјоделските активности, трошоци и приходи во апликацијата. Agrimak ги користи евидентираните информации за креирање прегледни извештаи.

Чекор 1

Избери извештај и период

Одбери го типот на извештај и временскиот период за кој сакаш да ги разгледаш податоците.

Чекор 2

Избери култура

Избери дали сакаш да ги прегледаш информациите за конкретна култура или за целото земјоделско стопанство.

Чекор 3

Прегледај и преземи го извештајот

Разгледај ги прикажаните информации и преземи го извештајот во PDF-формат за зачувување или печатење.

ПОДОБАР УВИД ВО РАБОТЕЊЕТО

Планирај го твоето производство врз реални податоци

Редовното евидентирање и прегледување на податоците ти овозможува подобро да го разбереш работењето на твоето стопанство. Преку извештаите можеш полесно да се навратиш на претходните активности, да ги разгледаш вложувањата и да добиеш појасна слика за производството.

Со организирани податоци можеш:

  • Да ги следиш евидентираните трошоци и приходи.
  • Да имаш преглед на вложувањата по култура.
  • Да ги разгледуваш употребените производи и препарати.
  • Да ги споредуваш податоците за различни временски периоди.
  • Да ги зачувуваш извештаите за понатамошна употреба и документација.

Започни со дигитално управување на твоето земјоделство уште денес!

Преземи ја Агримак апликацијата

Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.

ИСТРАЖИ ГИ И ОСТАНАТИТЕ МОЖНОСТИ

Податоците се повредни кога се поврзани

Извештаите се надоврзуваат на секојдневната евиденција и ти помагаат да добиеш подобар преглед на работењето. Истражи ги и останатите алатки на Agrimak.

Види повеќе за другите модули

Модули и алатки