Организирај ги и следи ги сите земјоделски активности на едно место.
Евидентирај ги работните операции според култура и катастарска парцела и имај подобар преглед врз текот на твоето производство.
Создади подобра организација во секојдневното работење и имај појасна слика за состојбата на твоето земјоделско стопанство.
Дигиталната евиденција не е само промена во начинот на запишување. Таа е можност за поедноставно носење на одлуки базирани на реални податоци и планирано производство.
Имај подобар преглед врз текот на производството и полесно следи што е сработено, а што претстои.
Намали ја зависноста од рачни белешки и расфрлани информации со поорганизиран пристап кон работењето.
Создавај корисна евиденција што ќе ти помогне подобро да го планираш следниот производствен циклус.
Имај подобар преглед врз текот на производството и полесно следи што е сработено, а што претстои.
Намали ја зависноста од рачни белешки и расфрлани информации со поорганизиран пристап кон работењето.
Создавај корисна евиденција што ќе ти помогне подобро да го планираш следниот производствен циклус.
Од подготовка на почвата и сеење, до нега, заштита и жетва – Agrimak ти овозможува да ги евидентираш земјоделските активности и да ги организираш според културата и катастарската парцела.
Преку апликацијата можеш да ги внесуваш потребните информации за секоја активност, да ги следиш претходните записи и да имаш појасна слика за работата во твоето стопанство.



Agrimak опфаќа различни категории на земјоделски активности, овозможувајќи ти да ги организираш работните операции и да ги следиш вложувањата во текот на производната сезона.
Записи и примена на хранливи материи.
Евиденција на обработката на земјиштето.
Записи за почетокот на производството.
Следење на активностите за грижата за посевите.
Записи од сите типови на наводнувањето.
Записи за применетите мерки за заштита.
Евиденција на завршните производствени активности.
Следење на приходите од продаденото производство.
Евиденција на резултатите од анализата на почвата.
Користењето на модулот започнува со внесување на основните податоци за стопанството, по што можеш да ги организираш и евидентираш активностите.
Регистрирај ги основните информации за твоето стопанство, катастарските парцели и културите што ги одгледуваш.
При внесување активност, избери на која култура и катастарска парцела се однесува.
Одбери ја соодветната активност и пополни ги потребните информации.
Зачувај ги внесените податоци и наврати се на претходните активности кога ти се потребни.
Редовната евиденција ти овозможува полесно да се навратиш на претходните активности, да ги следиш вложувањата и да добиеш подобар преглед на работењето во твоето стопанство.
Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.
Податоците што ги внесуваш преку модулот за евиденција претставуваат основа за користење и на други дигитални модули / алатки во Agrimak.
Модули и алатки
Модули и алатки
Модули и алатки
Модули и алатки
Модули и алатки